• среда, 27 ноември 2024

Општина Велес почна со проектот за изработка на студија за јавен градски превоз

Општина Велес почна со проектот за изработка на студија за јавен градски превоз
Велес, 4 ноември 2021 (МИА) - Општина Велес вчера официјално почна со реализација на проектот за изработка на Физибилити студија на изводливост за оптимална мрежа и систем за јавен градски превоз во Велес во вредност од 100.000 долари, финансиски поддржан од УНДП со 60.000 долари и буџетот на општината со 40.000 долари. Студијата треба да биде готов до февруари 2022 година. Градоначалникот Марко Колев најави дека документот што ќе го добие Општина Велес ќе биде усогласен со буџетските можности на општината, буџетските можности на државата и можностите за кредитирање, со цел да биде изводлив и да може да се реализира во период од четири години.
Мирјам Фишер и Јаир Шпиро, претставници на компанијата „РОМ“ му честитаа на градоначалникот Колев за неговиот избор.Тие изразија надеж дека успешната соработка ќе резултира со документ кој ќе помогне Велес да добие јавен градски превоз базиран на потребите на граѓаните. Тие ги известиле присутните на средбата дека во наредните денови ќе престојуваат во Велес и ќе работат на терен на прибирање податоци од граѓаните и институциите за актуелните состојби со јавниот превоз во градот и населените места.
Владо Гроздев, експерт ангажиран од УНДП во рамки на проектот изрази задоволство што првата фаза на проектот заврши успешно, со изборот на стручна компанија. Гроздев побара од тимот на Општина Велес да се вклучи во анализата и коментарите на првичните верзии на студијата. Тој нагласи дека  кога ќе заврши проектот, во февруари 2022 година, целта е Велес да добие што поквалитетен и посеопфатен документ.ад/фф/

Остани поврзан