• петок, 27 декември 2024

Општина Велес потпиша договор за соработка со Институтот „Ромалитико“

Општина Велес потпиша договор за соработка  со Институтот „Ромалитико“
Велес, 9 септември 2021 (МИА) - Во рамки на проектот за инклузија на Ромите финансиран од УСАИД, денеска градоначалникот  на Општина Велес Аце Коцевски потпиша меморандум за соработка со Елвис Шакири, извршен директор на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.
Од Општина Велес информираа дека врз основа на меморандумот во наредниот период взаемно ќе се соработува на реализацијата на голем број активности меѓу кои следење на промените и проблемите во заедницата, застапување на предлозите на граѓаните како и соработка со институциите на локално ниво со цел да се подобрат услугите и правата на жителите од ромската заедница.
Тие појаснуваат дека во рамки на проектот ќе бидат формирани проектни тимови во кои ќе учествуваат претставници на општината кои работат во различни сектори како урбанизам, социјална заштита и други области на надлежности.ад/фф/

Остани поврзан