• четврток, 26 декември 2024

Општина Василево субвенционира полагање возачки испит од „Б“ категорија

Општина Василево субвенционира полагање возачки испит од „Б“ категорија

Струмица, 3 октомври 2024 (МИА) - Општина Василево субвенционира полагање возачки испит од „Б“ категорија, односно на идните млади возачи ќе им се исплаќа 50 отсто од износот за посетување обуки за теоретски и практичен дел, соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Василево, Славе Андонов ги потпишал решенијата за исплата на субвенции на седум лица кои ги исполнуваат условите од Правилникот за субвенционирање на млади лица од општина Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија.

Во пренесената изјава на Андонов стои дека парите во буџетот на Општина Василево се пари на граѓаните и затоа се враќаат повторно кај граѓаните.

- Од првиот ден на мојот мандат ветив дека Василево ќе биде општина во која младите ја гледаат својата иднина. За прв пат, годинава, ја воведуваме оваа новина за поттикнување и помош на младите лица за да полагаат за возачка дозвола, изјавил градоначалникот на Василево.

Инаку, ова право можат да го искористат лицата кои до крајот на годината ќе наполнат 18 години. рт/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан