• петок, 27 декември 2024

Општина Василево во соработка со турската „ТИКА“ гради повеќенаменски објект во селото Нова Маала

Општина Василево во соработка со турската „ТИКА“ гради повеќенаменски објект во селото Нова Маала
Струмица, 7 јули 2022 (МИА) - Во селото Нова Маала, денеска Општина Василево ја почна изградбата на повеќенаменскиот објект во соработка со Турската владина агенција „ТИКА“. Според информацијата од Општината на површина од околу 410 метри квадратни ќе бидат поставени различни реквизити, кои на граѓаните од ова населено место ќе им овозможат задоволување на повеќе потреби од културен, спортски и социјален карактер. Дел од просторот е наменет за бина, а на останатиот ќе бидат поставени кошеви, лулашки, лизгалки и клацкалки. -Планирано е поставување и на четири клупи, како и четири рефлектори со што ќе се овозможи негово користење и во ноќните часови. Целиот објект ќе биде заграден со заштитна ограда, информираат од оваа локална самоуправа. Уредувањето на просторот и изградбата на повеќенамнескиот објект е продолжуввање на успешната соработка што општина Василево ја има со „ТИКА“, која во изминатиот период има реализирано повеќе проекти на територијата на Василево, во населени места во кои живее претежно наслеение од турска националност. рт/дма/

Остани поврзан