Општина Валандово организира новогодишен базар
- Општина Валандово од 23 до 27 декеммври во соработка со локалните институции организира новогодишен базар на Градскиот плоштад во Валандово.
Валандово, 17 декември 2024 (МИА) - Општина Валандово од 23 до 27 декеммври во соработка со локалните институции организира новогодишен базар на Градскиот плоштад во Валандово.
Како што информираше градоначалникот Перо Костадинов на неговиот фејсбук профил, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во одлична храна и топли пијалоци, дружење со Дедо Мраз, забава за деца со аниматори и изведувачи, како и програма за сите возрасти креирана од општинскте институции.
Костадинов упати повик до заинтересираните компании и поединци, кои сакаат да учествуваат во новогодишниот базар со изложба на сопствени производи, да се пријават во просториите на Општина Валандово најдоцна до 20 овој месец. рт/сст/
Фото: Општина Валандово