• вторник, 20 јануари 2026

Општина Валандово воспоставува проектна соработка со значајни европски региони

Општина Валандово воспоставува проектна соработка со значајни европски региони

Валандово, 15 јануари 2026 (МИА) - Општина Валандово активно работи на меѓународно вмрежување и отворање нови можности преку европските фондови и програми.

По иницијатива на градоначалникот Ѓоко Камчев, советникот за ЕУ фондови, Илија Вучков, ги достави официјалните писма за воспоставување проектна соработка со неколку значајни европски региони како што Крит (Грција), односно општините Хераклион, Ретимно и Ханија, Шпанија, градот Ваљадолид и регионалната влада на Ваљадолид, соопштија денеска од локалната самоуправа.

-Како резултат на овие активности, во мај 2026 година, Општина Валандово ќе биде домаќин на официјални експертски делегации од Грција и Шпанија. Целта е заедничко аплицирање за ЕУ проекти и размена на искуства за подобрување на локалната самоуправа, се наведува во информацијата од Општина Валандово.

Се додава дека паралелно е започнат дијалог и со градот Истанбул, како и со општините Бејоглу и Ускудар, со цел отворање нови перспективи за заеднички проектни иницијативи во иднина.рт/вј/

Фото: Општина Валандово

Остани поврзан