Општина Бутел почна со чистење и уредување на реката Серава
- Општина Бутел почна со проектот за чистење и уредување на реката Серава. Проектот ќе се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата општина.
![Општина Бутел почна со чистење и уредување на реката Серава](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108214742_big_730x400_58.webp )
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Општина Бутел почна со проектот за чистење и уредување на реката Серава. Проектот ќе се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата општина.
- Станува збор за чистење на речното корито и уредување на кејот на реката Серава. Проектот ќе се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата општина. Затоа, чистењето на речното корито ќе трае до пролет, кога се планира да отпочне уредувањето на кејот, односно изградбата на пешачката и трим патеката со поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување, истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Од општинската прес-служба инфорираат дека за страртот на овој носечки проект од програмата на градоначалникот Дарко Костовски помогнаа повеќе општествено одговорни фирми, а за наредната година ќе бидат предвидени средства во буџетот за 2022 кој веќе се изработува.фф/са/