• четврток, 12 февруари 2026

Општина Бутел поставува заштитни столбови за безбедно движење на пешаци

Општина Бутел поставува заштитни столбови за безбедно движење на пешаци

Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Општина Бутел во соработка со Град Скопје и Секторот за внатрешни работи започна активности за поставување заштитни столбови на сообраќајницата кај кружниот тек во општината, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

- Локалната самоуправа обезбедува безбедно движење на пешаците и го спречува непрописното паркирање на возилата. Општина Бутел ќе продолжи со активностите за поставување заштитни столбови на повеќе локации, за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, пишува во соопштението. бд/сст/

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан