Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
- Во општина Бутел денес започнаа градежните активности за изградба на вкупно 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север, соопшти локалната самоуправа.
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) – Во општина Бутел денес започнаа градежните активности за изградба на вкупно 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север, соопшти локалната самоуправа.
Проектот опфаќа реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“. Новите патеки треба да го олеснат движењето на жителите, како и да спречат задржување на вода и поплавување на влезовите при врнежи.
Од општината информираат дека реализацијата на проектите во Скопје Север претставува исполнување на предизборните заложби на градоначалникот за еднаков развој на сите делови од општината и подобрување на условите за живеење. бк/дма/
Фото: Општина Бутел