• четврток, 05 март 2026

Општина Босилово ќе гради јавни тоалети во шест населени места

Општина Босилово ќе гради јавни тоалети во шест населени места

Босилово, 2 март 2026 (МИА) - На барање на граѓаните ќе се градат јавни тоалети во Босилово, Штука, Секирник, Радово, Иловица и Моноспитово, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Според објавенето, тоалетите ќе бидат со обезбедени приклучоци на струја и вода и друг неопходен инвентар.

-На прв поглед е банално, но потребата произлезе на барање на граѓаните, а со цел подобрување на јавната хигиена, напиша градоначалникот Манчев. рт/дма/

Фото: Општина Босилово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан