• четврток, 26 декември 2024

Општина Богданци доби техничка документација за изградба на три улици

Општина Богданци доби техничка документација за изградба на три улици
Гевгелија,16 јануари 2020 (МИА) - Во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги,со помош на дел од средствата од грантот што го обезбеди Министерството за финансии од Светската банка, општина Богданци доби комплетна техничка документација за изградба на три улици. -Документацијата што ја добивме, содржи готови проекти за улиците „Маршал Тито“, „Изворски“ и „Петар Мусев“, кои имаат кумулативна должина три километри, потврдија од одделението за урбанизам. Од општината велат дека во периодот што следува ќе се ангажираат во барањето на финансиски средства за брза реализација на улиците за кои добија готови проекти од причина што со нив значително ќе се подобри патната инфраструктура на градот. им/ир

Остани поврзан