• понеделник, 18 ноември 2024

Општина Битола ќе додели по 3.000 денари за секое дете во прво одделение

Општина Битола ќе додели по 3.000 денари за секое дете во прво одделение

Битола, 20 септември 2022 (МИА) - Општина Битола ќе додели еднократна парична помош на семејства за запишување дете во прво одделение во општинските основни училишта во учебната 2022/2023 година.

Семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение во учебната 2022/2023 година, согласно одлука на Советот на Општина Битола, еднократната парична помош ќе ја добијат врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до основното училиште каде е запишано детето, со уредно приложена документација со која ќе се потврди запишувањето на првачето во основно училиште на територијата на Општина Битола.

Еднократна парична помош е во износ од 3.000 денари нето износ по дете, на семејства кои запишале дете во прво одделение во Општинските основни училишта, информираа од Општина Битола. мт/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан