Општина Битола утврди локален енергетски план за 2026 година
- Општина Битола утврди општински енергетски план, интегрирана рамка за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на енергетската сиромаштија.
Битола, 2 март 2026 (МИА) - Општина Битола утврди општински енергетски план, интегрирана рамка за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на енергетската сиромаштија.
Утврдените мерки се технички изводливи, финансиски реални и мерливи преку јасни индикатори за мониторинг, информираа од тамошната локална самоуправа.
-Анализата на постојната состојба покажува дека најголемиот потенцијал за брзи резултати е во јавниот сектор преку рационализација на потрошувачката, подобро управување и модернизација на опремата, додека кај домаќинствата е потребен посебен пристап поради ризик од енергетска сиромаштија. Планот е усогласен со стратешката визија за одржлив локален развој преку зголемување на локално производство на енергија од обновливи извори на енергија, првенствено фотоволтаици на кровови и избрани локации, потоа со намалување на потрошувачка во јавниот сектор, подобрување на енергетскиот менаџмент и планирање врз основа на податоци, информираа од Општина Битола.
Според Општинскиот енергетски план во 2026 година че се реализираат мерки со најголема исплатливост и краток поврат, LED модернизација на јавни објекти и улично осветлување, оптимизација на греење и ладење и регулација, како и пилот проекти на јавни објекти каде што мрежните услови и потрошувачката тоа го оправдуваат.
Општинскиот енергетски план на Општина Битола е изработен врз основа на национално законодавство во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори, усогласен со националните цели и мерки утврдени со Интегрираниот национален план за енергија и клима (ИНПЕК/NECP) и ги следи принципите и методолошките насоки на релевантните европски директиви и регулативи како референтен acquis. мт/дма/
Фото: МИА