• недела, 24 ноември 2024

Општина Битола отвори сензорна соба во ОУ ,,Даме Груев"

Општина Битола отвори сензорна соба во ОУ ,,Даме Груев

Битола, 12 декември (МИА) - Во ОУ „ Даме Груев“ денеска е отворена сензорна соба, дoнација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор “, а во рамки проектот инклузивни општини и со поддршка нa Германското друштво за меѓународна соработка, во соработка и ЗЕЛС.

На отворањето на сезорната соба градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски го искажа значењето од ваквите сензорни соби, кои придонесуваат за поттикнување и развивање на потенцијалите на учениците кои имаат потреба за работа во индивидуален или групен контекст.

Собата е целосно опремена со сите аудио визуелни и сензорно моторички реквизити, соопштија од Општина Битола. мт/цр

Фото: Општина Битола

Остани поврзан