• четврток, 26 декември 2024

Општина Битола објави конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“

Општина Битола објави конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“

Битола, 23 септември 2024 (МИА) - Општина Битола објави конкурс за доделување на највисоките признанија во градот кои традиционално се врачуваат на денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември.

Според конкурсните услови, наградата може да биде доделена на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории, односно за едногодишни достигнувања и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Објавениот конкурс ќе биде затворен на 24 октомври, соопштија од Општина Битола. мт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан