• недела, 24 ноември 2024

Општина Битола го продолжи рокот за доставување предлози за идејно решение за спортски центар

Општина Битола го продолжи рокот за доставување предлози за идејно решение за спортски центар
Битола, 30 август 2022 (МИА) - Општина Битола го продолжи рокот за пријавување идејни решенија за изградба на модерен спортско рекреативен центар во градот. На 1 јули годинава, Општина Битола објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар, кое ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план ДУП за АРМ, Четврт 2. Условите во конкурсот остануваат исти, а крајниот рок за доставување на понудите 1 15 септември, соопштија од тамошната локална самоуправа. Идејното решение да треба да се изработи со најоптимално искористување на просторот предвиден за градба и ориентацијата на објектот како и најблизок пристап од влезот во парцелата. Позиционирањето треба обезбедува најповолно непречено одвивање на сообраќајот предвиден според потребите на спортско-рекреативниот центар и најблиска и најлесна комуникација за пристап на возила како надвор така и внатре во објектот. Функционалното решение да се проектира за капацитет од 5.000 гледачи, да овозможи најдобар и најбрз влез и излез на гледачите, односно да има посебен службен влез и јавни влезови за гледачи, се посочува во јавниот конкурс за изградба на спортско рекреативен центар во Битола. Новиот спортски комплекс во просторот на поранешната битолска касарна ќе има ракометно игралиште, кошаркарско игралиште, одбојкарско игралиште, фудбалско игралиште за мал фудбал, сувенирница, ресторан и кафетерија, како и паркинг простор за надворешен и внатрешен сообраќај. мт/цр    

Остани поврзан