• сабота, 23 ноември 2024

Општина Битола во 2024 година ќе има буџет од околу една милијарда денари

Општина Битола во 2024 година ќе има буџет од околу една милијарда денари

Битола, 2 ноември 2023 (МИА) - Во 2024 година буџетот на Општина Битола ќе изнесува околу една милијарда денари, информира градоначалникот Тони Коњановски на буџетски форум што се одржа во Битола.

Министерството за финансии врз основа на прибраните приходи и солидниот начин на реализација кој е над 70 насто, дава можност општинскиот буџет во наредната година да биде проширен за нови 40 милиони денари, и генерална околу една милијарда  денари ќе бидат на располагање на Општина Битола, посочи Коњановски.

-Буџетскиот форум се одржува како знак на една голема транспарентност, отчестност за тоа што планираме да го работиме. На форумот учествуваа сите релевантни структури од градот кои треба да придонесат во формирањето на буџетот за 2024 година, а тоа се советничките групи, академската фела, спортски и културни работници, урбаните заедници...Форумот е најдоброто место каде и како треба да се планира општинскиот буџет, и тоа да биде направено на транспарентнен начин, истакна Коњановски.

Градоначалникот Коњановски нагласи дека буџетот ќе биде во границите на можностите, но со една милијарда денари сите заедно може да направат многу за градот и ги повика советниците на седница да дадат поддршка на буџетот што ќе биде предложен.

-Битола е град со специфична инфраструктура и старо градско јадро и затоа доминираат инфрастуктурните проекти кои ги бараат граѓаните. Секому сакаме да посветиме внимание, а со ставките во буџетот, да излеземе во пресрет затоа што Општина Битола е солидна општина со солиден буџет, и верувам дека сите советници ќе дадат поддршка на предложениот буџет. Граѓаните и понатаму бараат велосипедски патеки, а Битола остана еден од ретките градови кој  е без велосипедски патеки. Во завршна фаза е и прифатилиштето за бездомни кучиња и веруваме дека и тој проблем ќе почне да се решава, како што постепено се решава и проблемот со планинарскиот дом Копанки, рече Коњановски.

Буџетскиот форум е редовна активност на локалната самоуправа во пресрет на донесување на буџет за наредна година. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан