• петок, 27 декември 2024

Општина Берово со парична поддршка за ППК „Зегин“

Општина Берово со парична поддршка за ППК „Зегин“

Берово, 4 јули 2023 (МИА) - Општина Берово парично ќе го поддржи Пингпонгарскиот клуб „Зегин" кој следната недела ќе учествува на Меѓународен турнир во соседна Грција. За таа цел денеска е потпишан договор за финансирање од 100.000 денари, средства од кои дел ќе бидат наменети за подготовка, тренинзи во новата сезона и развој на клубот. 

 -Финансиската поддршка за нас е од особено значење, бидејки вкупно 10 членови од ППК „Зегин” , во периодот од 7 до 9 јули ќе учествуваат на меѓународен турнир во Грција. Претходно сите членови ќе го посетат кампот во Берово, каде што членовите ќе имаат подготовки и тренинзи со тренери од земјата и странство. Потоа 20 членови, во периодот од 7 до 13 август, ќе заминат на подготовки во Србија, информираа од ППК „Зегин“.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски на пингпонгарите им посака многу успех во подготовките и успешна сезона за сите пинпонгари потенцирајки дека пингпонгарскиот клуб „Зегин“ е најбрзорастечки клуб во Македонија, а Берово веќе го зазема приматот на град на пинг-понгот.

По потпишувањето на договорот и дветњ страни подвлелоа дека со взаемна поддршка од сите, заеднички се придонесува за успехот на младите пингпонгари и афирмација на општина Берово во државни и меѓународни рамки. вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан