• среда, 27 ноември 2024

Општина Берово прва на листата на најтранспарентни општини во државата

Општина Берово прва на листата на најтранспарентни општини во државата

Берово, 14 август 2024 (МИА) - Според Индексот на активна транспарентност, изработен од страна на Центарот за граѓански комуникации, во редовното годишно рангирање на институциите, Берово се наоѓа на врвот од сите 98 институции - Владата, министерствата и општините, по исполнување на обврските за активна транспарентност за 2024 година.

-Според проактивното објавување на  информациите, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини, Берово, заедно со Битола, Кавадарци, Валандово, Кичево и Министерството за одбрана, го делат првото место во државата, во вкупното рангирање, а Берово е прво место и во Источно планскиот регион, информираат од Општина Берово.

Активната транспарентност на Општина Берово во 2024 година изнесува 100 проценти, што е за речиси 3 проценти подобра од минатогодишните  97,1 проценти.

-Со тоа, општината се наоѓа во групата институции со многу добра активна транспарентност, со 100 проценти исполнување на обврските. На тој начин, уште еднаш ја потврдуваме транспарентноста, како еден од основните принципи, на кој се темели локалната власт во Берово, посочија од општината.

Изразија благодарност до сите чинители кои помогнале општината да биде на највисокото скалило на активната транспарентност. вс/фф/

Фото: Општина Берово/МИА Архива

Остани поврзан