• четврток, 26 декември 2024

Општина Берово ги исплати средствата за субвенционирање за купен велосипед 

Општина Берово ги исплати средствата за субвенционирање за купен велосипед 

Берово, 27 септември 2023 (МИА) - На сметката на вкупно 32 жители на Општина Берово, легнаа средствата, исплатени по основ на субвенционирање за купен велосипед. Активноста е дел од програмата за поддршка на Локалниот економски развој за 2023 година. 

- Секој апликант е субвенциониран со 50 проценти од средствата потрошени за купување на велосипед, или максимум 6 000 денари, информираа од Општината.

Средствата за субвенционирањето, како што додадоа, се обезбедени од општинскиот буџет.

- По основ на субвенционирање на велосипеди, во 2023 година, од општинскиот буџет се исплатени вкупно 180 000 денари, колку што се предвидени во општинскиот буџет, додадоа од Општина Берово.

Оттаму изразија надеж дека од година во година ќе се зголемува ставката за субвенционирање со што поголем граѓани ќе учествуваат при аплицирањето за оваа мерка. вс/ар/

ФОТО/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан