• четврток, 26 декември 2024

Општина Берово воведува нова мерка за подрршка на семејствата на лица со попреченост

Општина Берово воведува нова мерка за подрршка на семејствата на лица со попреченост

Берово, 26 ноември 2023 (МИА) - Општина Берово воведува нова мерка во програмата за социјална заштита. Со мерката, како што информираа од Општината, со почетокот на 2024 година, семејствата на лицата со попреченост ќе добиваат по 10.000 денари како еднократен паричен надоместок.

-Ова произлегува од фактот што трошоците на овие семејства се многу големи, па да  можат да покријат дел од нив и да им биде придонес во семејниот буџет. Целта е уште повеќе да се зголеми свеста за грижата кон лицата со попреченост, информираа од Општината.

Во 2024 година, продолжуваат да важат мерките за првородено дете и новородено дете, кои ќе се исплаќаат од Буџетот на Општина Берово за 2024 година.

-Со оваа одлука порачуваме дека сите членови во општеството се важни, иако можеби се малку тие средства,  но некому навистина значат. Целта е да се зголеми грижата за секого и никој да не биде изоставен, додадоа од Општината 

Претходно од Општината ја најавија и мерката, со која секој студент од Берово во 2024 година ќе добие парична поддршка од 6.000 денари. вс/дма/

 

 

Остани поврзан