Општина Аеродром ќе додели 1 милион денари за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани
- Во координација со советниците, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска поднесе барање за одржување вонредна седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе има само една точка - доделување 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во стравичната несреќа во Кочани.

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Во координација со советниците, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска поднесе барање за одржување вонредна седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе има само една точка - доделување 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во стравичната несреќа во Кочани.
- Силниот оган ја зави Македонија во црно и секој од нас чувствува длабока тага и болка за трагично згаснатите 59 млади животи. Сите се молиме за семејствата на починатите, а во срцата носиме верба и надеж дека повредените херојски ќе се изборат и ќе заздрават што е можно побрзо. Не постојат зборови со кои може да се даде утеха, но преку солидарност и хуманост можеме да подадеме рака на оние на кои најмногу им треба помош. Општина Аеродром паричните средства ќе ги уплати во Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Македонија. Кочани 16.03.2025 – Никогаш и никаде да не се повтори!, стои во објавата на Општина Аеродром на Фејсбук. мд/са/
Фото: Фејсбук на Општина Аеродром