• среда, 25 декември 2024

Општина Аеродром: Од невремето причинета материјална штета на повеќе локации

Општина Аеродром: Од невремето причинета материјална штета на повеќе локации
Скопје, 27 јули 2022 (МИА) - По силното невреме што попладнево ја зафати општина Аеродром, при што беше причинета материјална штета на повеќе локации, од општината информираат дека општинските служби се излезени на терен. Жителите кои претрпеа најголеми штети попладнето ги посети и градоначалникот Тимчо Муцунски.
- Граѓаните можат да бидат сигурни дека имаат вистински партнер во Општина Аеродром, а нашите служби работат со сите засегнати страни на што побрзо санирање на штетите, велат од општината во објава на „Фејсбук“.фф/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан