• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени постигнувања во различни области

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени постигнувања во различни области

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во оваа локална самоуправа. 

Признанијата, како што информира Општина Аеродром, се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во државата и во светот, а тие можат да се доделат и постхумно на истакнати жители.

Рокот за пријавување е заклучно со 7 април 2025 година (понеделник).

Кандидатите можат да се пријават лично, како и да бидат предложени од правни и физички лица, а сите детали околу условите за повикот можат да се најдат на следниот линк Јавен повик за доделување признанија од Oпштина Aеродром за 2025. мд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан