• понеделник, 30 септември 2024

Општина Аеродром ангажира петмина помагатели на стари лица

Општина Аеродром ангажира петмина помагатели на стари лица
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Општина Аеродром ангажираше петмина помагатели преку Програмата за општинско-корисна работа во рамки на проектот „Социјални услуги на лица во трета доба“ во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување. -Овие лица ќе бидат ангажирани со скратено работно време од 20 часа неделно за период од 9 месеци и за тоа ќе добиваат паричен надомест во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест, се вели во соопштението. Целта на проектот е помагателите преку помагање и грижа за стари лица, како и преку задолжителната обука да се стекнат со вештини од социјалната и здравствената сфера согласно со услугата и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан