• четврток, 26 декември 2024

Општина Куманово избра компанија за зимско одржување на улици

Општина Куманово избра компанија за зимско одржување на улици
Куманово, 15 ноември 2021 (МИА) - Општина Куманово избра компанија за зимско одржување на градот, информираа денеска надлежните. Договорот со најповлниот изведувач е склучен во октомври, годинава по претходно објавена јавна набавка. Според податоците објавени на електронскиот ситем за јавни набавки општина Куманово за зимско одржување ќе одвои 8.993.016 денари. На тендерот е избрана фирмата „Кооп Инженеринг“. Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона и според правилата, се чисти по приоритет при снежни врнежи првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, по што следува втората зона, улиците и населените места по налог. Избраната компанија, велат надлежните поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различни перформанси, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер, претходно  наведено во барањата на  тендерската постапка. Фирмата има и доволно количина на сол и ризла. Покрај градот, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово. ам/свс/

Остани поврзан