• недела, 24 ноември 2024

Определен 30 дневен притвор на четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска

Определен 30 дневен притвор на четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) – Прифатен предлогот на Обвинителството за продолжување на притворот за четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, кои вечерва беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје. На сите им е определен 30 дневен притвор, потврдуваат од Обвинителството.

Четворицата, денеска беа спроведени од Истражниот затвор во Шутка во Основниот кривичен суд во Скопје пред судија на претходна постапка. Тројца од нив се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, откако Судот претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело, додека таткото на 14-годишното девојче е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

Осомничени за нејзиното убиство, покрај таткото Александар Ѓорчевски, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е уапсен во Турција, откако за него беше донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

ОЈО Скопје претходно денеска до судот поднесе и предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор и против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомниченниот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.  

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. аа/ац/

Фото:МИА 

Остани поврзан