• сабота, 28 декември 2024

Опозицијата побара оставка од Пашињан

Опозицијата побара оставка од Пашињан
Ереван, 29 декември 2020 (МИА) - Лидерите на парламентарните опозициски партии - Просперитетна Ерменија и Осветлена Ерменија, Гагиг Царукјан и Едмон Марукјан на денешната средба со премирот Никол Пашињан побараа негова оставка. - Му понудив на Пашињан сам да поднесе оставка, бидејќи Парламентот ќе избере нов премиер со консензус и ќе формира влада на професионалци. Пашињан сака предвремени парламентарни избори за да го сочува местото, но ние не се согласуваме, истакна Марукјан. Тој додаде дека продолжува политичката криза во Ерменија. Царукјан истакна дека и тој му предложил на Пашињан да поднесе оставка и да не биде вршител на должност премиер во периодот додека не се избере нова влада. - Ако се согласи на нашиот предлог, можеме да разговараме за другите работи, посочи Царукјан. ми/

Остани поврзан