• недела, 24 ноември 2024

Опозицијата во Словенија поднесе интерпелација против министерот за економија поради набавката на респиратори

Опозицијата во Словенија поднесе интерпелација против министерот за економија поради набавката на респиратори
Љубљана, 4 април 2020 (МИА) - Опозициските партии во Словенија поднесоа интерпелација за министерот за економија Здравко Почивалшек, поради, како што наведоа, контраверзната набавка на респиратори и медицинска заштитна опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана. Претставниците на четирите најголеми опозициски парламентарни партии на прес-конференција кажаа дека интерпелацијата е поради лошото работење на министерот и можната систематска корупција во неговиот ресор. - Се работи за купување опрема со цел да се „нахранат” пријателите на власта од приватниот сектор и тоа на сметка на граѓаните и државниот буџет. За тоа одговорност мора да има, изјави Миха Кордиш од партијата Левица. Медиумите во Словенија пред околу една недела објавија документи, со кои, според нив, се отвора голем сомнеж за корупција при набавката на респиратори и заштитна опрема на словенечките болници. Лекарски конзилиум од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана објави дека респираторите кои државата ги платила милиони не ги исполнуваат бараните стандарди и како такви воопшто не се употребуваат, односно завршиле директно во магацините. Овие респиратори, според документите објавени во медиумите, се набавени од фирмата Генепланет, платени комплетно со аванс, а во тоа директно бил вклучен министерот Почивалшек. Тој, пак, изјави дека ги купиле оние машини кои можеле први да стигнат во земјата и на тој начин биле спасени многу животи во екот на епидемијата на коронавирусот. Тој обвини и дека се работи за политичко-медиумска хајка. ав/

Остани поврзан