• четврток, 26 декември 2024

Опозицијата во Молдавија создаде предизборна коалиција, ја соопшти во Москва

Опозицијата во Молдавија создаде предизборна коалиција, ја соопшти во Москва

Москва, 22 април 2024 (МИА) - Опозициските партии во Молдавија, кои ја критикуваат желбата на претседателката Маја Санду да обезбеди членство на земјата во Европската унија, вчера во Москва соопштија дека формираат предизборен блок, пренесуваат британските медкиуми.

Партиите собрани околу прорускиот бизнисмен Илан Шор, кој избега од Молдавија и во отсуство е осуден на на 15 години затвор за измама, својата коалиција ја нарекоа „Победа“.

Во групата што се подготвува за претседателските избори и референдумот за членство во ЕУ се присутни и лидерите на проруската Гагауска автономија, во која се говори на турски јазик.

-Ние нудиме нов пат за Молдавија. Идејата за Европската унија едноставно е фантомска, таа е уништувачка за граѓаните и за земјата, рече Шор за време на собир во хотел во Москва. „Нашата работа е да покажеме алтернативи кои функционирале со текот на годините“, додаде тој. Според политиката, тоа значи подобрување на односите со Русија и меѓународните организации што таа ги предводи.

Евгенија Гуцул, лидерот на Гагаузија, изјави дека опозициската коалиција има за цел „да ја заштити независноста на Молдавија, да ја заштити земјата од вовлекување во воени операции и да ги обнови пријателските односи со Русија“.Британските медиуми забележуваат дека Гуцул во изминатите два месеца двапати ја посети Русија.

Молдавскиот министер за инфраструктура, Андреј Спину, изјави дека не е случајно што коалицијата е формирана „веднаш до Кремљ“. „Целата земја ги виде овие национални предавници во Москва“, напиша тој на Фејсбук.

Санду ја осуди руската инвазија на Украина и ги наведе Русија и корупцијата како најголема закана за нејзината земја. Таа на 20 октомври распиша референдум за пристапување на земјата во ЕУ, што ќе се одржи истовремено со претседателските избори. Потоа таа ќе се соочи со поранешниот претседател и лидер на Социјалистичката партија на Молдавија Игор Додон. Социолозите проценуваат дека Санду би освоил околу 35 отсто во првиот круг од изборите, наспроти околу 16 отсто за Додон.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан