• понеделник, 15 декември 2025

Опозициски пратеници во парламентот на Унгарија запалија димни бомби за време на седница

Опозициски пратеници во парламентот на Унгарија запалија димни бомби за време на седница

Будимпешта, 18 март 2025 (МИА) – Пратениците на опозицијата во унгарскиот парламент запалија димни бомби за време на гласањето по забрзана процедура за забрана за одржување на Парадата на гордоста во земјата.

Пратениците од опозициската партија Моментум запалија димни бомби, по што чад во различни бои ја покри собраниската сала, а покажаа и фотомонтажи на кои се гледа како унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин се бакнуваат, јавија светските агенции.

Законот усвоен денеска им дозволува на властите да користат софтвер за да ги идентификуваат учесниците на потенцијални собири на ЛГБТКју заедницата. јт/

Фото: Х

Остани поврзан