• четврток, 26 декември 2024

Опозицискиот лидер на Јужна Кореја побара претседателот да прифати истрага против неговата сопруга

Опозицискиот лидер на Јужна Кореја побара претседателот да прифати истрага против неговата сопруга

Сеул, 29 април 2024 (МИА) – Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Џае-мјунг, охрабрен од неодамнешната изборна победа на неговата Демократска партија, денеска побара од претседателот Јун Сук-Јул да прифати специјални истраги за скандали во кои се вмешани високи функционери и неговата сопруга.

Тоа беше нивна прва средба откако Јун ја презеде функцијата во 2022 година, откако го победи Ли на претседателските избори.

Ли го повика Јун да прифати независна истрага за немирите за Ноќта на вештерките во 2022 година во Сеул кога загинаа 159 луѓе и за смртта на маринец, кој се удави во 2023 година додека ги спасуваше жртвите од поплавите. Демократската партија го обвини Јун дека ги игнорирал барањата на јавноста и ги заштитил највисоките функционери и воени команданти одговорни за смртоносните инциденти.

Ли исто така побара од Јун да ги реши „сомнежите во врска со неговото семејство“ кои „претставуваат голем товар за работата на Владата“. Ли алудираше на првата дама на Јужна Кореја, Ким Кеон-хи, обвинета за вмешаност во манипулации со цените на акциите и други скандали.

Опозицискиот лидер исто така побара од Јун да ја прифати неговата контроверзна идеја владата да им даде на сите Јужнокорејци помош од 250.000 вони (180 долари). Јун идејата ја оцени како популистичка мерка.

На средбата Јун - Ли не беше постигнат договор, освен за тоа тие да се среќаваат почесто. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан