• вторник, 12 ноември 2024

Опозиционерот Лапид го повика премиерот Нетанјаху да го послуша Бајден за договорот за заложници во Газа и му понуди поддршка

Опозиционерот Лапид го повика премиерот Нетанјаху да го послуша Бајден за договорот за заложници во Газа и му понуди поддршка

Тел Авив, 1 јуни 2024 (МИА) - Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да го послуша повикот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа, според кое Хамас ќе ги ослободи заложниците, јавија британските медиуми.

Лапид, исто така, понуди дека ќе ја поддржи владата доколку екстремно десничарските коалициски партнери на Нетанјаху ја напуштат владата во знак на протест поради можниот договор за заложниците и прекин на непријателствата во палестинската енклава.

„Владата на Израел не може да го игнорира важниот говор на претседателот Бајден. Има договор на маса и тоа мора да се направи“, напиша Лапид на социјалната мрежа „Х“.

„Го потсетувам Нетанјаху дека во нас може да смета на гарантот за постигнување договор за ослободување на заложниците во случај екстремно десничарските лидери (Итамар) Бен-Гвир и (Бетзалел) Смотрич да ја напуштат владата“, додаде тој. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан