Опожарен полициски автомобил во Старо Нагоричане
- Според пријавеното, пожарот настанал веднаш откако полициските службеници го паркирале возилото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема, соопшти полицијата
Куманово, 2 март 2026 (МИА) - Опожарен е полициски автомобил во општина Старо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 18:20 часот во кумановската полиција било пријавено дека на паркинг простор во село Младо Нагоричане настанал пожар во патничко моторно возило „цитроен“, сопственост на МВР.

-Според пријавеното, пожарот настанал веднаш откако полициските службеници го паркирале возилото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.ам/вј/
Фото: МИА архива