• среда, 25 декември 2024

Опожарен контејнер во скопската Општина Центар

Опожарен контејнер во скопската Општина Центар

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, од страна на непознати сторители беше опожарен еден сад наменет за одлагање комунален отпад лоциран на улицата 11-ти Октомври во скопската општина Центар, во непосредна близина на ДХО „Даре Џамбаз“.

Како што соопшти Општина Центар, станува збор за пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри што како последица од опожарувањето е комплетно уништен и неупотреблив. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување, како и рачно миење на микролокацијата и во текот на минатата ноќ го заменија опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот. За случајот се известени и надлежните органи. ев/

ФОТО: Општина Центар 

Остани поврзан