• среда, 27 ноември 2024

Опожарен деловен простор на Адвокатската комора, нема повредени

Опожарен деловен простор на Адвокатската комора, нема повредени

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Во СВР Скопје утрово, во 3:16 часот, било пријавено дека на улица „Методија Шаторов - Шарло“ во Општина Аеродром бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на Северна Македонија. 

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).

- Увидот е во тек и го вршат увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител, информира МВР. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан