• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Опожарени викендица и овоштарник во Идризово

Опожарени викендица и овоштарник во Идризово

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Викендица и овоштарник во село Идризово се опожарени вчера, а материјалната штета се уште не е утврдена. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со три противпожарни возила и осум пожарникари. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите на Град Скопје имале уште две интервенции во текот на вчерашниот ден и тоа на стрниште на површина од 1 200 m2 во село Буковиќ и на уште една помала интервенција.

Според информациите на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 12 пожари на отворено на територија на цела држава. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан