• четврток, 26 декември 2024

Опожарена трска на Охридското крајбрежје кај Калишта

Опожарена трска на Охридското крајбрежје кај Калишта
Струга, 20 март 2021 (МИА) – На брегот на Охридското Езеро во близина на селото Калишта опожарена е трска на површина од околу 3.000 квадратни метри, соопшти СВР Охрид. Пожарот, како што информира портпаролот Стефан Димоски, во струшката полиција бил пријавен вчера, и по интервенција на Територијалната противпожарна единица Струга бил изгаснат. -Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3.000 квадратни метри на езерскиот брег, како и околу 5.000 квадратни метри сува трева на приватна парцела. Нема повредени луѓе, изјави Димоски. Пред околу две недели на овој потег од Струга до селото Калишта беше опожарена трска на површина од 400 квадратни метри . Полицијата и во двата случаи презема мерки за откривање на сторителите. сс/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан