Опожарена куќа во општина Старо Нагоричане
- Опожарена е куќа во село Челопек во општина Старо Нагоричане, нема повредени лица увид извршила кумановската полиција
Куманово, 10 февруари 2026 (МИА) - Опожарена е куќа во село Челопек во општина Старо Нагоричане, нема повредени лица увид извршила кумановската полиција.

- Вчера во 10:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во куќа сопственост на седумдесет и шестгодишниот Х.Т. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Повредени лица нема, соопшти СВР Куманово, чија екипа извршила увид.
Од ТППЕ Старо Нагоричане, информираа дека интервенирале со едно возило и пожарникари.ам/лв/
Фото МИА и ТППЕ Старо Нагоричане