• четврток, 12 февруари 2026

Опожарена куќа во липковското село Слупчане

Опожарена куќа во липковското село Слупчане

Куманово, 11 февруари 2026 (МИА) - Опожарена е куќа во село Слупчане, липковско, соопштија денеска од СВР Куманово. Нема повредени лица, а пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

-Вчера во 18:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека во село Слупчане, општина Липково, настанал пожар во куќа сопственост на А.И.(63). Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово, соопштија од полицијата.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово информираа дека пожарот го гаселе четири часа (од 18:40 до 22:40 часот) две екипи со две противпожарни возила. ам/дма/

 

Фото: МИА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан