• недела, 24 ноември 2024

Операта „Палјачи“ на сцената на НОБ

Операта „Палјачи“ на сцената на НОБ
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало. - Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство... ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, соопшти НОБ. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт-мајстор Верица Ламбевска и хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети-Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук од Англија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. хс/бак/

Остани поврзан