• четврток, 26 декември 2024

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Операта „Кармен“, ремек делото на Жорж Бизе, ќе биде изведена вечер со почеток во 19 часот во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска. Од Националната опера и балет информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид - 19. Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на претставата. ар/скс/

Остани поврзан