• недела, 24 ноември 2024

Операта „Кавалерија рустикана“ вечер во НОБ

Операта „Кавалерија рустикана“ вечер во НОБ
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Ќе настапат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ, хорот и оркестарот на НОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, сценограф Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, хор-мајстор - Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. -„Кавалерија рустикана“ е меѓу најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. Операта раскажува трагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата..., наведува НОБ во најавата. хс/мд/  

Остани поврзан