• среда, 18 декември 2024

Опелото и погребот на Навални ќе се оддржат во петок во Москва

Опелото и погребот на Навални ќе се оддржат во петок во Москва

Москва, 28 февруари 2024 (МИА) - Погребот на Алексеј Навални ќе се одржи во петок во Москва, изјави неговата портпаролка,Кира Јармуш, по барањето на локацијата каде  неговите почитувачи ќе можат да се простат од 47-годишниот дисидент, кој почина во сибирска казнена колонија на 16 февруари.

Јармуш на платформата X објави дека погребната служба ќе се одржи во црквата „Икона на Мајката божја“ во московскиот кварт Маржино и ги повика луѓето да се соберат таму.

Навални потоа ќе биде погребан на гробиштата Борисов.

Приврзаници на Навални го обвинуваат претседателот Владимир Путин за неговото убиство, бидејќи не можел ни да помисли дека тој ќе биде ослободен во евентуална размена на затвореници.

Кремљ негираше вмешаност на државата во неговата смрт и, исто така, тврди дека тие не знаеле за каков било договор за ослободување на Навални.

На неговиот посмртен лист пишува дека починал од природна смрт.

Пред четири дена, 12 дена по неговата смрт, телото на Алексеј Навални конечно и беше предадено на неговата мајка Људмила.

Ден претходно таа за медиумите изјави дека руските власти и дале ултиматум во рок од неколку часа да го закопа синот тајно меѓу семејството, во спротивно ќе го закопаат во колонијата каде што починал.

Кремљ нејзините изјави ги нарече „апсурдни“.

Портпаролката на починатиот опозициски лидер вчера изјави дека неговиот тим има потешкотии да најде погребално претпријатие, а исто така кажа и дека некои одбиле да ја одржат церемонијата кога дознале за кого станува збор. сд/

Остани поврзан