• недела, 17 ноември 2024

Опевањето на женската храброст во фокусот на дуодрамата „Жената како воено поле“

Опевањето на женската храброст во фокусот на дуодрамата „Жената како воено поле“
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Опевањето на женската храброст, преку едни трауматични искуства, прикажани симболично, но сепак искрено кога станува збор за емотивната состојба, е целта на претставата „Жената како воено поле“ од Матеи Висниек, која премиерно беше изведена на академската сцена на Еуропа прима. Станува збор за дуодрама во која играат актерките Марија Кондовска како Кејт и Кристина Гиева како Дора, а претставата е во режија на Теодора Силјаноска. -Претставата се случува за време на војна, каде две девојки со сосема различно минато, се спојуваат во една навидум судбинска средба. Двете носат посебна траума и проблем, кој потекнува од исти корен- војна. Тие се сретнуваат во едно безимено место, налик на санаториум и на тоа место тие можат да зборуваат гласно без задршки, да се исплачат и најнакрај ,можат да си помогнат, велат од екипата на претставата која се одржа во петокот. Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. вг/

Остани поврзан