• среда, 27 ноември 2024

ОН: 5,1 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната

ОН: 5,1 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната
Њујорк, 22 април 2022 (МИА) - Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти денеска дека најмалку 5,1 милион лица ги напуштиле своите домови во Украина поради руската инвазија. Ажурираните податоци покажуваат дека бројот на раселени лица се зголемил за 48.387 во однос на вчера. Најмалку 90 отсто од оние што избегале од Украина се жени и деца. Поголемиот дел од оние што заминаа сега се во Полска, каде што 2,8 милиони луѓе ја преминаа границата. Други избегаа во Романија, Унгарија, Молдавија и Словачка. ссм/

Остани поврзан