• среда, 25 декември 2024

ОН: 2023 година беше најсмртоносна за хуманитарците досега

ОН: 2023 година беше најсмртоносна за хуманитарците досега

Њујорк, 19 август 2024 (МИА) - Обединетите нации го осудија „неприфатливото“ ниво на насилство врз хуманитарните работници, кое стана вообичаено, при што рекорден број од 280 работници се убиени низ светот во 2023 година. ОН предупредуваат дека војната меѓу Израел и Хамас во Газа може да предизвика уште поголем број на такви смртни случаи оваа година.

- Нормализацијата на насилството врз хуманитарните работници и недостигот на одговорност се неприфатливи, несовесни и исклучително штетни за хуманитарните операции насекаде, изјави Џојс Мсуја, вршителка на должноста директор на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА), на Светскиот ден на хуманоста.

„Со 280 убиени хуманитарни работници во 33 земји минатата година, 2023 е најсмртоносната година за глобалната хуманитарна заедница“, се вели во соопштението на ОЦХА. ОН наведоа дека повеќе од половина од овие смртни случаи, или 163, се хуманитарни работници убиени во Газа во првите три месеци од војната меѓу Израел и Хамас, главно во воздушни напади.

И покрај „невидено големиот број“ на смртни случаи на хуманитарни работници во 2023 година, ОЦХА предупреди дека 2024 година „може да биде уште посмртоносна“. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан