• среда, 25 декември 2024

ОН ја осуди британската политика кон барателите на азил

ОН ја осуди британската политика кон барателите на азил
Њујорк, 14 април 2022 (МИА) -  Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) изрази силно несогласување со британсиот договор со Руанда, објавен денеска, според кој Руанда ќе прима мигранти и баратели на азил од различни националности кои пристигнале во Велика Британија. - Луѓето кои бегаат од војна, конфликт и прогон заслужуваат сочувство и емпатија. Тие не треба да се тргуваат како стоки и да се префрлаат во странство за обработка, рече Џилијан Тригс, помошник Висок комесар за заштита при УНХЦР. Договорот со Руанда е финансиран од Велика Британија со 120 милиони фунти и предвидува мигрантите чија националност и услови за пристигнување не се наведени, да бидат интегрирани во источноафриканската држава. Британската Влада планира да донесе закон за создавање центри за мигранти во странство додека се обработуваат нивните барања, а можно е да и дозволат на крајбрежната стража да ги отстранува чамците со мигранти од британските води. ссм/

Остани поврзан