• сабота, 23 ноември 2024

ОН: Хуманитарната ситуација во Либан е полоша отколку за време на војната со Израел во 2006 година

ОН: Хуманитарната ситуација во Либан е полоша отколку за време на војната со Израел во 2006 година

Њујорк, 3 ноември 2024 (МИА) - Обединетите нации соопштија дека хуманитарната ситуација во Либан сега е полоша отколку за време на последната војна со Израел пред 18 години, јави ДПА.

„Хуманитарната ситуација во Либан достигна посериозни нивоа отколку во војната во 2006 година“, се вели во соопштението на хуманитарната канцеларија на ОН објавено денеска.

„Ситуацијата повторно ескалира во последните денови, при што израелската армија им нареди на жителите на Баалбек и Набатија да ги напуштат овие области, непосредно пред да започнат воздушни напади“, додаваат ОН.

Покрај тоа, многу болници се преоптоварени и известуваат за итна потреба од крводарители да се справат со критичниот прилив на жртви.

Според податоците на либанското Министерство за здравство, од почетокот на борбите меѓу Израел и шиитската група Хезболах во Либан се убиени речиси 3.000 луѓе, а 13.000 се ранети. Меѓу убиените има околу 180 малолетници и речиси 600 жени.

Хуманитарната канцеларија на ОН соопшти дека повеќе од 11.000 бремени жени биле погодени од војната, а 1.300 од нив се породиле во време кога здравствениот систем на Либан е на работ на колапс. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан