• вторник, 24 декември 2024

ОН предупреди дека државите мора да спречат геноцид во Газа

ОН предупреди дека државите мора да спречат геноцид во Газа

Женева, 25 октомври 2024 (МИА) – Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Тирк ја повика меѓународната заедница да го заштити населението во Појасот Газа од сериозни прекршувања на човековите права.

- Се соочуваме со нешто што може да значи злосторства, вклучително и потенцијално проширување на злосторства против човештвото, предупреди тој денеска осврнувајќи се на израелската воена кампања во северниот дел на Појасот Газа, пренесе ДПА.

- Целото население во оваа област е погодено од бомби, опсади, раселување и глад, изјави австрискиот дипломат на ОН.

- Луѓето се изложени на ризик да бидат уапсени или застрелани. Сепак, исто така целосно е неприфатливо што палестинските вооружени групи го ставаат во ризик сопствениот народ мешајќи се со цивили, нагласи тој.

Тирк ги потсети присутните дека државите не се обврзани само да преземаат мерки против воените злосторства.

- Според Конвенцијата за геноцид, државите членки исто така имаат одговорност да дејствуваат за да спречат такво злосторство, кога ризикот ќе стане очигледен, рече тој.

Тој упати директен апел до шефовите на држави и влади, барајќи од нив „да ја стават заштитата на цивилите и човековите права на прво место и да не го напуштаат тој минимум хуманост“. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан